Градоначалникот на Охрид и претставниците на локалната самоуправа во деновите од викендов и потоа ќе остварат повеќе средби со претствници на меѓународни асоцијации и дипломати.

Вчера претседателот на Советот на општина Охрид, Владо Чингоски и претствници на локaланта самоуправа, остварија средба со  група млади лидери од разни категории на занимања, кои во Охрид престојуваат преку програмата на германскиот Маршалов Фонд на САД – еминентна институција која работи на полето на зајакнување на трансатланските реалации помеѓу САД и Европа. Гостите, придружувани од претставници на Македонскиот Институт за Медиуми и Министерството за надворешни работи, најнапред беа запознати со општествено-политичкиот, економскиот, културно-историското наследство и актуелните сосотојби во Охрид и општината како и за организационата поставеност и функционирањето на органите на општината и општинската администрација.

Засилените активности на локалната самоуправа продолжуваат деновиве. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески денеска во Охрид ќе оствари средба со амбасадорот на Израел во Македонија, а утре со претствници на украинскиот туристички град Јалта ќе потпише меморандум за збратимување.

ohridnews