Од Управата за јавни приходи најавуваат дека мобилните екипи при УЈП ќе вршат засилен инспекциски надзор, во вечерните часови и за време на викенди, кај приредувачите на игри на среќа кои досега требаа да воведат Надзорен информациски систем (НИС) и 24 часовна поврзаност со УЈП заради следење на уплатите и исплатените добивки.

– На приредувачот кој сеуште нема воведено во функција НИС, ќе му бидат затворени сите деловни единици (објекти) и ќе му биде изречена глоба од 7 илјади евра, потенцираат од УЈП.

Поради утврдено нелиценцирано приредување на игри на среќа во контролите кои од страна на УЈП беа спроведени во текот на вчерашниот ден во гостиварско, даночниците ја заплениле целокупната опрема и запечатиле објекти на “диви“ обложувалници во с.Дебреште, с. Врапчиште и с.Градец, а против сопствениците поднесени се кривични пријави.

OhridNews