Во заедничка акција на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на  рибарство и аквакултура од Охрид) и лиценцираниот рибочувар од З.Р.С.К „Пастрмка“  од Струга  и рибочуварската комисија при З.Р.Р.С.К  „Свети Апостол Петар“  извршени се повеќе контроли на риболовните ревири „Црн Дрим 1“ и „Слив на Охридско Езеро“.

При контролите кои се одвиваа во неколку наврати, и истовремено на три локации од река Сатеска и  река Црн Дрим во периодот од 20- ти декември до 10- ти јануари,  затекнати биле три лица кои вршеле риболов на пастрмка за време на забрана, без рекреативна дозвола и рекреативна легитимација и истовремено вршеле риболов на маломерни пастрмки.

Одземени се 21 парче на пастрмка, со маломерни големини кои не одговараат на Правилникот за дозволени големини на риби. Против затекнатите лица ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави според Законот за рибарство и аквакултура.  

Од страна З.Р.С.К ПАСТРМКА од Струга и З.Р.Р.С.К  „Свети Апостол Петар“ од Охрид  и концесионерот на рибниот фонд од Дебарско Езеро – З.З Охридска риба од Струга како концесионери на риболовните ревири, во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство, најавуваат дека  ќе се интензивираат контролите на риболовните ревири на кои наведените Здруженија се концесионери, посебно за време на мрестот на пастрмката.

OhridNews