Согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Полициската станица за безбедност во сообраќајот, деновиве, следејќи и анализирајки ја состојбата на безбедноста во сообракајот, изврши теренски увид на повеќе сообраќајници во централното градско подрачје.

Од страна на полициските службеници, констатирани се низа неправилности и непочитување на летниот режим на сообраќај, првенствено на поставената сообраќајна сигнализација. Оваа појава, најизразена е на кружниот тек кај Плоштадот „Св.Климент Охридски„ како и на пешачката патека на потегот од Центарот за обука на вода према угостителските објекти каде евидентно е паркирање на моторни возила и движење на патнички моторни возила по пешачката патека.

Укажувајки на овој проблем, кој во голема мерка значи загрозување на безбедноста на учесниците во сообракајот, СВР Охрид, до Оделението за комунален развој и сообраќај при локалната самоуправа, достави известување и барање за итно преземање на мерки за елиминирање на констатираните недостатоци и поставување на соодветна сообраќајна сигнализација и физички препреки.

Со цел безбедно одвивање на сообракајот на сите сообраќајници и доследно почитување на сообракајните правила и прописи, Полициската станица за безбедност на сообраќајот Охрид, и понатака ќе продолжи, пред се со превентивни, но и со казнени мерки кон сите учесници во сообраќајот кои ке ги нарушат законските одредби.

OhridNews