Целта на контролните мерки било регистрирање на прекршоци во однос на присуство на малолетни лица во угостителските објекти после 24 часот, точење алкохол на малолетници, но и мерки по други основи согласно законските овластувања.
Во акцијата биле опфатени речиси сите угостителски објекти во Охрид и Струга, при што во кафе-баровите „Пулс„ и „Мистик„ во Охрид, регистрирано е присуство на малолетници по 24 часот. Во „Мистик„ евидентирано е и точење на алкохол на малолетни лица.
Во неколку угостителски објекти во Охрид и Струга, регистрирани се и прекршоци, односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
По изготвените записници од превземените активности, против сите субјекти односно физички и правни лица кај кои се регистрирани прекршоци, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
извор: МВР