На 17.12.2022 година од 19 до 24 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале 4 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол, информираат од СВР Охрид.
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, вели портпаролот Стефан Димоски.
Воедно информира дека во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници, СВР Охрид ќе ги засили контролите во патниот сообраќај со цел, подигнување на сообраќајната безбедност.
OhridNews












