Денес, од страна на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, во соработка со инспекторските служби, Државниот  пазарен инспекторат, УЈП и СВР, на повеќе локации, се спроведе успешна заедничка контрола кај вршители на туристичка и угостителска дејност, при што биле евидентирани низа неправилности.

Кај вршителите на туристичка и угостителска дејност кај кои се утврдени неправилности во работењето, согласно законот за туристичка и угостителска дејност, ќе се преземат соодветни мерки за санкционирање.

Општината Охрид и Секторот за туризам и ЛЕР уште еднаш напоменуваат и информираат дека ваквите акции ќе се одвиваат континуирано во текот на целата летната туристичка сезона.

Акциите се спроведуваат со цел поефикасна контрола на нелегалните агенции, превозници и организатори на разни екскурзии и тури, нерегистрираните даватели на услуги во туризмот и други чинители.

OhridNews