ЕВН Македонија ги интензивира контролите на мерните места. Во втората половина од месец јули се испорачани педесетина пресметки за неовластено користење на електричната енергија за што се поднесени и кривични  пријави за корисниците. Засилените контроли и присуството на полицијата и судските вешти лица придонесоа да се откријат двојно поголем број на кражби на електрична енергија споредено со првите недели од јули.

Штетата која ја направиле во системот изнесува 7 милиони денари, односно крадците нелегално потрошиле 894 000 Kwh електрична енергија. Директно приклучени во мрежата биле 22 корисници, тројца од фатените го манипулирале броилото, а тринаесет имале непријавено броило во системот, што исто така е кривично дело казниво според законските прописи во земјава.

Полицијата и стручните лица од ЕВН Македонија ги продолжуваат засилените контроли и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.

ЕВН со препорака до корисниците да не извршуваат никакви неовластени дејствија околу броилата, бидејќи софистицираната опрема за откривање на кражбите, асистенцијата на полицијата и судските вешти лица го комплетираат процесот за лесно откривање и санкционирање на кражбите на електрична енергија.

OhridNews