Изминатиот викенд, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се зајакнати акциски контроли во сообраќајот во однос на прекршоците кои ги прават  возачите на моторцикли.

  • Констатирано е дека 3 возачи управувале мотор без возачка дозвола, од кои едно лице во Охрид и едно во Струга. 17 возачи на мотор не носеле заштитен шлем, од нив пет биле евидентирани во Охрид, а шест во Струга. Еден возач во Струга, управувал мотор под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По овие одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 14 прекршочни платни налози, пет во Охрид и две во Струга.

Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

OhridNews