Канадската Влада соопшти дека ја засилува безбедноста на некои летови што доаѓаат од странство. Од министерството за транспорт не соопштуваат повеќе детали за мерката и за летовите или засегнатите земји, но е нагласено дека таа се носи заради безбедносни ризици.

Канадските служби за безбедност по направената анализа на разузнавачките податоци, што им биле доставени од Американците, утврдиле ризик за безбедноста на летовите.
Патниците, кои доаѓаат во Канада, во моментов ќе можат да ја носат својата електронска опрема во авионите .