Во Струга викендов се одржува состанок на Еврејската заедница од поранешните југословенски простори. Поради состанокот струшките хотели „Дрим“ и „Београд“, каде се сместени делегациите, се под засилено полициско обезбедување. Пристапот до хотелите е забранет.
Од полицијата информират дека се преземени посебни безбедносни мерки, во согласност со обврските на полицијата за обезбедување на настани кои се од поголемо значење.
На состанокот на Еврејската заедница од поранешните југословенски простори, кој за прв пат се одржува во Македонија, учествуваат околу петстотини делегати од сите краеви на поранешната држава.