Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај- Охрид деновиве врши засилени контроли на почитувањето на хоризонталната и вертикална патна сигнализација и од страна на пешаците.

Во текот на вчерашниот ден, во времето од 10 до 16 часот, од страна на полициските службеници, евидентирани се вкупно 32 прекршоци направени од страна на пешаците, а поврзани со непочитување на светлосната сигнализација, преминување на коловозот на црвено светло, преминување на коловозот на необележани места, односно надвор од пешачкиот  премин и непочитување на знаците на полицискиот службеник.


Овие контроли се дел од низата активности кои ги реализира СВР- Охрид насочени кон сите учесници во сообраќајот. Во текот на минатата недела, акциските контроли беа насочени кон возачите на мопеди, моторцикли и велосипеди со помошен мотор, а поради евидентно кршење на одредбите на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, дрско однесување кон полициските службеници, непочитување на нивните дадени знаци и наредби и упатувани вербални напади.

Согласно законските овластувања, од страна на полициските службеници, изречени се повеќе мерки: писмено предупредување, исклучување на моторцикли од сообраќај, издавање на платни налози и покани за наплата на глоба. На 75 лица изречена им е превентивна сообракајно-воспитна  мерка „сообракајна поука„. 


Целта на акциските контроли е елиминирање на прекршоците кои ги прават сите учесници во сообраќајот како и превентивно делување на сообраќајната полиција во насока на подигнување на степенот на безбедноста во сообраќајот како и на безбедносната култура кај возачите и пешаците со целосно и доследно почитување на хоризонталната и вертикална патна сигнализација.

Ohridnews