По десет потврдени случаи на туларемија во Македонија, Комисијата за заразни болести, денеска одржа состанок на кој ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба со појавата на заболувањето туларемија во државата.

Комисијата препорача преземање засилени противепидемиски мерки, па така Државниот санитарен и здравствен инспекторат треба да ги задолжи општините да спроведат дератизација на канализациските мрежи во градовите, со посебен фокус на: Гостивар, Тетово, Берово, Велес, Свети Николе, Струмица.

Агенцијата за храна и ветеринарство треба да ги задолжи производителите да ја соберат жетвата од полињата, имајќи предвид дека од неа се хранат глодарите, да изврши хлорирање на сите приватни/селски водоводи со посебен акцент на засегнатите подрачја – општина Лозово, Арачиново и Грушино и да врши редовно земање и контролирање на примероци на вода од приватните водоводи. Центрите за јавно здравје во соработка со општините да извршат итна дератизација и дезинфекција во засегнатите подрачја, во семејни куќи, дворови и околината.

Комисијата препорача континуирано да се врши и контрола на хлорирање на водата со ниво на резидуален хлор од 0,2-0,5 мг/л, односно континуиран надзор над исправноста на водата за пиење. Институтот за јавно здравје треба да изготви едукативен материјал за матични лекари/здравствени работници и протокол за постапување со сомнителен пациент, како и едукативен материјал за населението.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство да издаде решение за итно воспоставување на пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите на водоснабдителните објекти.

Исто така, Комисијата заклучи да се дадат препораки за превенција за населението во засегнатите подрачја: водата од селските чешми да не се пие или да се преврива пред употреба, се до добивање на резултатите од испитувањето на водата, одржување на личната и општата хигиена, како и примена на заштитни мерки при контакт со домашни животни.

OhridNews

Извор:„Макфакс“

Засилени противепидемиски мерки за туларемијата откако заболеа десет луѓе
По десет потврдени случаи на туларемија во Македонија, Комисијата за заразни болести, во вторник, одржа состанок на кој ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба со појавата на заболувањето туларемија во државата.
Состанокот го водеше министерот за здравство, Никола Тодоров, а беа присутни претставници од сите надлежни институции, Институтот за јавно здравје, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство, Центар за јавно здравје – Скопје, Центар за јавно здравје – Велес, и др.
Комисијата препорача преземање засилени противепидемиски мерки, па така Државниот санитарен и здравствен инспекторат треба да ги задолжи општините да спроведат дератизација на канализациските мрежи во градовите, со посебен фокус на: Гостивар, Тетово, Берово, Велес, Свети Николе, Струмица.
Агенцијата за храна и ветеринарство да ги задолжи производителите да ја соберат жетвата од полињата, имајќи предвид дека од неа се хранат глодарите, да изврши хлорирање на сите приватни/селски водоводи (со посебен акцент на засегнатите подрачја – општина Лозово, Арачиново и Грушино) и да врши редовно земање и контролирање на примероци на вода од приватните водоводи.
Центрите за јавно здравје во соработка со општините да извршат итна дератизација и дезинфекција во засегнатите подрачја, во семејни куќи, дворови и околината.   
Агенција за храна и ветеринарство да земе материјал за испитување на присуство на туларемија кај домашните животни во засегнатите подрачја и да ги достави резултатите до Центрите за јавно здравје и Институтот за јавно здравје
Комисијата препорача континуирано да се врши и контрола на хлорирање на водата со ниво на резидуален хлор од 0,2-0,5 мг/л, односно континуиран надзор над исправноста на водата за пиење.
Институтот за јавно здравје да изготви едукативен материјал за матични лекари/здравствени работници и протокол за постапување со сомнителен пациент, како и едукативен материјал за населението.
Да се обезбедат и континуирано да се одржуваат зоните на санитарно хигиенска заштита околу изворните подрачја со цел да се спречи загадување преку диви животни.