Време е да ставиме крај на заблудата дека облеката од брендираните продавници во моловите и трговските центри кај нас е врвот на она што може да си го приуштиме. Тоа што го има на светскиот пазар, го има и кај нас со буквално истиот квалитет и дизајн, а по македонски цени. Наше е само да дознаеме дека постои и да знаеме каде да го најдеме велат Алек и Лејла, сопственици на првата концептуална продавница кај нас за ексклузивна облека креирана од светски познати дизајнери, „Румор“, која постои нешто повеќе од една година.

„Румор“ е во суштина спој на меѓународно искуство и локална експертиза. Алек има работено со моден дизајн долги години во Њујорк, Лондон и Париз, а Лејла од друга страна има огромно познавање и искуство со македонската текстилна индустрија. 

-Пред 15 години за прв пат започнавме да го употребуваме македонското знаење и вештини на рачно плетење, преку кое успеавме да стигнеме до светски врвни брендови за облека. На пример, меѓу другото, соработуваме со брендови како Balenciaga, Loewe, John Galliano, Martin Margiela, Mugler, Fiorucci, Sonia Rykiel и JW Anderson. Техниката на рачно плетење која ја користиме е традиционална за Македонија и е многу ретка, скоро и да ја нема, на други места од светот. Во Европа има моментално 3 фабрики кои ја користат оваа техника, од кои една е во Франција и е ужасно скапа и користена само од Chanel, а другата е во Романија. Малку по малку сите почнуваат да доаѓаат кај нас. Во моментов работиме со 370 плетачки во Македонија, на кои им нудиме многу подобри финансиски услови од повеќето компании во Македонија. Се обидуваме да придоинесеме кон една позитивна промена во социјалната структура на македонското семејство. – велат од брендот „Румор“.

Се во врска со „Rumor“ е 100% изработено во Македонија. Овој веќе препознатлив моден бренд на модерен начин ја користи македонската традиција.

-Користиме еден од малкуте занаети кои се практикуваат на ист начин на кој се практикувале пред цел еден век. Не станува збор за плетењето кое сите го знаеме, она кое го користат како хоби нашите баби. Нашите вработени градат кариера и работат во ателје изработено по европски стандарди. Започнавме со 15 жени, а во моментов работиме со 370 и секогаш сме во потрага и имаме потреба од повеќе. Сите техники и целата изработка која ние ја користиме за овие светски брендови сега ја аплицираме на нашиот нов, македонски бренд кој го почнавме пред нешто повеќе од една година и го нарековме „Rumor“. Една кошула изработена во нашата фабрика во странство се продава за 600-700 евра, парчињата кои ние ги нудиме со „Rumor“ се продаваат по цени прифатливи за просечната македонска жена. Материјалите кои ги користиме доаѓаат од Италија и се специјално дизајнирани и ткаени за потребите на Rumor. Сè друго што употребуваме е 100% македонско. Ова е наш бренд, квалитетен, кој се надеваме и веруваме дека допрва ќе станува препознатлив по тоа што е „proudly made in Macedonia“. – истакнуваат Алек и Лејла, кои во 2016 година заеднички ја отворија концептуалната продавница „Румор“.

За стилот на „Rumor“ велат дека е интелектуално секси. Потенцираат дека парчињата кои ги дизајнираат се апсолутно лесни за носење, не се некои класични облеки во висок моден стил за кои важи стереотипот дека не може да се искомбинира и да се носи од „нормален“ човек.

-Ако кажеш нешто дека е „дизајнерско“ кај нас, само по себе значи дека е скапо, нешто што „нема да имам каде да го носам“. Rumor е различен и е прилагоден на стилот на македонската жена. Секоја сезона работиме со порака. Минатата се приклучивме на глобалната кампања за правата на жената – „The Future is (fe)male“. – додаваат сопствениците на „Румор“. 

Во план е покрај парчињата кои досега ги нуди „Rumor“ да произведува и друг тип на облека и додатоци. 

– Една од нашите главни цели е поддршка на локалните занаети и занаетчии. Моментално имаме соработка со девојка која рачно изработува свеќи, покрај неа соработуваме и со занаетчии кои изработуваат накит, а во план ни е да започнеме соработка и со луѓе кои работат со кожа и со дрво. Пробуваме да вклучиме и други типови на занает, па токму затоа и самиот бренд го нарекуваме „концепт продавница“. Идејата ни е да направиме платформа во која ќе може да приклучиме и други луѓе, сè додека нивната естетика одговара на онаа на „Rumor“. Во план е и отварање и онлајн продавни, а во меѓувреме новитетите и понудата на „Rumor“ можат да се следат Facebook  и Instagram. – додаваат Алек и Лејла.


Финален мартовски попуст во „Румор“ 
бул.„Туристичка“ – зграда „Печијаре“, до ординација „Дарон“

Луѓето со вкус и стил сега можат да го набават омиленото парче облека кое ќе го носат со радост, по екстра поволни цени, затоа што во „Румор“ во тек е финален мартовски попуст до 70% на колекциите од „Ристо“ и „Rumor“.  

OhridNews