Поради опасноста за минувачите, градските власти во Струга издадоа наредба за затварање на дрвениот мост кој се наоѓа на реката Црн Дрим.


Мостот ќе биде надвор од употреба во текот на летото, се додека не отпочне изградбата на нов мост, најавуваат од струшката Локална самоуправа.


Од општина Струга ветуваат- штом заврши изработката на елаборатот за изгледот на мостот, ќе биде распишан тендер за избор на фирма која ќе го гради новиот мост.

Ohridnews