Со ова не се остварија најавите на „Македонија пат“ дека дел од овој патен правец ќе биде одржуван во текот на престојната зима. Од таму неодамна изјавија дека патниот правец, ќе почне делумно да се одржува во зимскиот период, само до месноста Корита.
-Ќе одржуваме 9 километри од вкупно 18 километри пат на планината Галичица до месноста Корита. Другиот дел останува затворен за сообраќај затоа што превојот Галичица со 1350 метри е највисок патен премин во Македонија и тешки се условите за одржување, потребна е инфраструктура и механизација.-изјави Лазо Наумоски раководител на „Македонија пат“ Охрид, на 29 октомври 2011 година.
Овој патен правец десетина години наназад се затвора за секаков вид сообраќај од октомври до март. Минатата зима Општина Охрид неколкупати реагираше дека затворањето на патниот правец Р 504 го спречува развојот на планинскиот туризам во Охридско.
На одлуката за затворање на овој патен правец регираа и планинарите и љубителите на природата од Охрид, кои неколку пати ја потенцираа важноста на овој патен правец во зима.
Инаку денеска е Меѓународниот ден на планините-11-ти деекмври. Овој инернационален празник се обележува од 2003 година, со одлука и проглас на Генералното собрание на Обединетите Нации.