Охрид годинава ќе биде домаќин на Третата верска конференција, која на едно место ги собира претставниците на сите религии од светот.  Подготовките за конференцијата се во полн ек, а финансиите ќе се обезбедат од буџетот на државата преку програмата за култура во 2013 година, која беше објавена деновиве.


Охрид два пати до сега беше домаќин на верската конференција. Последен пат ваков собир се одржа во 2010 година, на кој  учествуваа над 300 претставници од сите религии од целиот свет, политичари, теолози и експерти.

OhridNews