Извршените вкупно 5213 надзори од страна на инспекциските служби во периодот од 28-ми март до 1-ви април, покажале дека воглавно се почитуваат мерките и одредбите на владата.

Најголем дел од контролите, вкупно 4261 ги направил државниот пазарен инспекторат. Од нив 823 надзори се однесуваат на замрзнатите цени на одредени произовди, а останатите на работата на угостителските и услужни објекти, од кои 20 се затворени на подрачјето на цела држава. Како што рече на денешната прес конференција Претседателката на инспекциски совет Магдалена Филиповска – Грашкоска, поголемиот дел од угостителите ги почитуваат мерките.

При контролите утврдени се помал број на зголемувања на цени на јужното овошје. Постапено е и по пријава за фалсификат средства за дезинфекција, при што надзорот е се уште во тек.

Агенцијата за храна и ветеринрство спровела 277 надзори во повеќе градови при што се изречени 22 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка и истите се отстранети од објектите. Издадени се 5 решенија на месарници и маркети поради лоша општа хигиенска состојба и е наредено веднаш да се преземат мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Државниот инспекторат за труд изврши 414 контроли донесено е едно решение и 22 укажувања за работодавачи, кои не постапиле по препораките на Владата. Од инспекторатот наведуваат дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од коронавирусот.

OhridNews