Точно во 19 часот затворени се сите 89 избирачки места во општина Охрид.

Општинската изборна комисија информира дека изборниот ден минал мирно без инциденти. Неправилност беше евидентирана во избирачкото место 1299 во с. Лескоец, каде е утврдено дека недостига едно гласачко ливче за што била известена Државната изборна комисија.

Според првичните податоци излезноста во Охрид е рекордно висока, каква што впрочем е и во целата држава.

Во ОИК Охрид веќе започнаа да пристигаат материјалите од избирачките одбори во помалите места, кои се пребројуваат.

Првичните неофицијални резултати од вонредните парламентарни избори се очекуваат вечерва.

OhridNews