Затворениот базен во Охрид ќе продолжи да го гради истата фирмата, рокот е следната година да биде завршен, пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.МК според информации од Министерството за спорт.

Министерство за спорт прави сè што е во негова моќ и надлежност за охриѓани да го имаат на располагање затворениот пливачки базен во текот на 2026 година, велат од Министерството за спорт.

Министерството ја чешлаше работата на поранешната Агенција за млади и спорт и на изведувачот на овој капитален објект вреден 5 милиони евра. Иако министерот Борко Ристески најави дека е можно раскинување на договорот со фирмата изведувач и изработка на нов проект, сепак нема да се бара нова фирма да го доврши базенот оти тоа би чинело повеќе пари.

Добиени се препораки да се пристапи кон завршување на проектот со истиот изведувач, од причина што вредноста на објектот пред девет години, во случај на раскинување на договорот, би била многу поголема. Препораките се да се пристапи кон измена на проектната документација и да се обезбедат дополнителни средства во согласност со Законот за јавни набавки, велат од Министерството за спорт.

Повеќе на линкот.

OhridNews

извор. sdk.mk