Завод и Музеј: Општина Охрид не смее да расправа за ДУП-ви за Табана и Ривиера
23.02.12 20:48
Нацрт ДУП за дел од УЗ 1 дел од УБ 1.1 опфат Табана 2010 – 2015 и Нацрт ДУП за дел од УЗ 2 дел од УБ 2.1 опфат Ривиера – 2010 – 2015 кои треба да се најдат на дневен ред на наредната седница на Советот, закажана за идната недела, не го имаат добиено потребното стручно мислење од Управата за заштита на културното наследство, потради што истите не може да се разгледуваат, укажува охридскиот Завод и Музеј. Оттаму објаснуваат дека за еден нацрт план да биде ставен на разгледување во советот Управата треба да го разгледа планот и да издаде позитивно мислење, поточно треба да провери дали нацртот на ДУП е изготвен согласно изработените Заштитно конзерваторски основи.
-За горенаведените два планови Управата за заштита на културно наследство има издадено негативно мислење заради тоа што плановите не беа изработени согласно Заштитно конзерваторските основи.Корегираните ДУП- ови се уште не се доставени до надлежната институција и за истите не е издадено позитивно мислење, информираат од Заводот и Музеј Охрид.
Од тие причини, а согласно Законот за заштита на културно наследство од 2005 година, Општина Охрид не смее да ги стави на дневен ред плановите за кои Управата за заштита на културното наследство нема издадено позитивно мислење, потенцираат од Заводот и Музеј.
Врнежливата пролет по која настапија високи температури придонесоа за раст на вегетацијата и во урбаните средини И се би било во ред доколку граѓаните редовно ги одржуваат своите имоти, но, за жал,...
И овој викенд полицијата со полни раце работа Сообраќајната полиција извршила контрола на 278 возачи на моторни возила (Охрид-110, Струга-73, Кичево-59, Дебар-36) и при извршено алкотестирање, конс...
Вчера попладне во 1821 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело Од извршениот увид, ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.