Јавната здравствена установа-Завод за здравствена заштита Охрид од вчера започна да врши дополнително вакцинирање против заразни заушки  на лица кои се на возраст од 20 до 23 години.

Вакцинирањето се спроведува во просториите  на епидемиолошката служба на Заводот, секој работен ден во периодот од 09 до 14 часот.
 
Лицето кое ќе биде имунизирано  треба со себе да понесе здравствена книшка за евидентирање на извршената вакцинација.

Ohridnews