
– Прскањето против комарци вообичаено се врши во овој период, но ние сеуште немаме добиено сигнал од локалната самоуправа дека тоа оваа година ќе го правиме. Заводот за здравствена заштита технички и кадровски е подготвен да ги спроведе потребните мерки, вели Сашо Точко од ЗЗЗ – Охрид.
Од локалната самоуправа уверуваат дека годинава ќе има прскање против комарци и дека во тек е потребната процедура.

Манески објасни дека минатата година запрашувањето против комарци не се извршило поради тоа што во периодот кога општината ги обезбедила потребните средства временските услови биле неповолни за такви активноси. За тоа одговорност сноси и Заводот за здравствена заштита затоа што не изврши дезинсекција кога временските услови го дозволуваа тоа, покажувајќи недоверба кон Општината дека таа ќе ја плати услугата, додаде Манески. Според него таквиот однос е некоректен и поради тоа што Општината не може да плаќа од напред за неизвршени работи.
Останува да се надеваме дека оваа година навреме ќе бидат завршени сите административни процедури и дека ќе се изврши запрашувањето против комарци, со што и охриѓани и туристите ќе можат мирно да спијат во топлите летни ноќи.











