Финансискиот извештај за фирмата Емо од Охрид е завршен. Од страна на консултантите се направени сите потребни анализи и предлози и истите се доставени до Владата. Таа со помош на Министерството за Економија, ќе одлучи дали ќе ги прифати предлозите, околу моделот и начинот на продажба, кои се главната цел на извештајот.

Државата се наметна како доминантен сопственик на оваа  компанија, со цел  таа да стане поатрактивна за продажба. Предвидено е, оваа фирма да се  продава, по цена повисока од досегашната, но без обврски кон државата. Токму поради огромните обврски на оваа компанија, таа не беше атрактивна за инвеститорите, и до сега немаше ниту еден сериозно заинтересиран купувач.

Ohridnews