Од утре па се до 23 февруари, Охрид ќе биде домаќин на завршниот форум од проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“.

Проектот за меѓуетничкиот дијалог се спроведува од ЦИР-а, во рамките на програмата Civica Mobilitas, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка застапувана од Канцеларијата во Скопје и склучениот меморандум за соработка на Македонскиот центар за граѓанско образование.

На завршниот форум е предвидено секоја општина учесник да ги презентира активностите реализирани по проектот, кој во 2010 година се изведе во основните училишта со ученици од мешан етнички состав.

OhridNews