Балетско студио за модерен и класичен балет “ВИЗАВИ”, утревечер, со почеток во 19 часот организира завршен концерт.

Како гости ќе настапат од „Распеано рибарче“, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, и малите групи од КУД „Охриѓанка“ и КУД „Отекс“ .

Концертот ќе се оддржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, влезот е 50 денари.
 
Балетското студио “Визави”, повеќе од четири години функционира во рамки на охридскиот Центар за култура, раководено од кореографот Јулија Милевски. Зависно од возраста, членовите се поделени во три групи- мала, средна и голема група.

OhridNews