Во среда ќе се одржи завршниот настан на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, со кој се заокружува уште една успешна приказна за прекугранична соработка.

Проектот го реализираше Црвен крст Охрид во партнерство со општините Дебрца, РСМ и Грамш, Албанија и Алпинистичкиот клуб Пaтагонија Охрид, а е финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.

Во текот на овој проект беа реализирани бројни инфраструктурни активности за развој на авантуристичкиот туризам, како и активности  за подобрување на капацитетите на тимовите за спасување во прекуграничниот регион, информираат од проектниот тим.

Настанот ќе се одржи во Оперативниот и тренинг Центар на планинската спасителна служба во Охрид.

OhridNews