Завршен настан од проектот „Гледај и учи“ ќе се одржи денес во ООУ „Григор Прличев“. Во рамки на настанот предвидена е изложба на тематски изработки: „Гледај учи и пренеси…ТИ-чувар на културното и природното богатство на Охрид“.
Настанот е со почеток во 12:30 часот во спорстката сала на училиштето.
Инаку, пилот проектот „Гледај и учи“ е вонучилишно и воннаствано образование за културното и природното наследство на Охридскиот регион, реализиран преку учество на Општина Охрид во комисионата едукативна програма при Универзитетот Лунд од Шведска, во соработка со Раул Валенберг Институтот од Шведска.
OhridNews












