Заврши повторената истрага за падот на владиниот кингер, несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски и делегацијата што го придружуваше на патувањето во Мостар во февруари 2004-та година. Деталите ќе бидат соопштени во Скопје непосредно пред одбележувањето на десетгодишниот помен од трагедијата.

– Истрагата е завршена. Во тек се последните технички формалности. Најдоцна за еден месец тимот истражители ќе дојде во Скопје и на јавноста ќе и ги презентира фактите – изјавил за МТВ главниот истражител Омер Кулиќ.

Повторената истрага во најголем дел се разликува од првичната, според која, вината беше лоцирана кај пилотите што загинаа. Со симулација на автентичен лет на релација Скопје – Мостар, истражителите утврдија отстапување од процедурите за летање, а проблеми лоцирале и во инструментите за навигација.

Извештајот ќе биде доставен до обвинителството, кое по него ќе постапува и ќе утврдува дали има поединечна или колективна одговорност.

OhridNews

извор:МРТ