Во селото Требеништа заврши почетната фаза „асфалтирање“ на спортскиот терен, наменет за повеќе видови спортски активности.

Како што информираат од локалната самоуправа во Дебрца, средствата за асфалтирањето во висина од 1.500.000 денари се издвоени од буџетот на општината.

– Игралиште во село Требеништа е наменско и ќе придонесе кон развој на спортот во општината. Ова е доказ повеќе дека нашите заложби се насочени и кон изградба на што повеќе спортски терени кои младите ќе ги користат за спорт и рекреација, напоменуваат од локалната самоуправа.

Во наредната фаза следува и изградба на металната конструкција за покривање на  игралиштето.

OhridNews