Целосно завршена реконструкцијата на регионалниот патен правец Дервен-Царина, од превој Баба до Царина во должина од 15.2 km, информираат од ЈУНП Галичица.
Исто така, се изврши и санација на оштетени делови на патот од превој Баба до м.в. Дервен во должина од 14 km на Охридска страна, како и асфалтирање на пакринг местата кај превој Баба и м.в. Липова ливада, додаваат од установата.
Инаку, сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица делумно беше во прекин од 18 август во периоди помеѓу 09.00 и 15.00 часот поради изведување на градежните работи.
OhridNews
фото. НП Галичица














