Заврши второлигашкото првенстово. По одиграните 29 кола екипите на Тетекс и Слога Ј обезбедија прволигашки фудбал в година. Тетекс по пауза од 16 години се враќа во елитата, додека “гулабите“ по пауза од четири години.Втората лига ја напуштаат Нов Милениум кој се откажа на стартот на вториот дел од сезоната, потоа Маџари и Вардар (Н).
Екипата на Кожув ќе игра бараж за опстанок во второлигашката конкуренција.Покрај Кожув во второлигашкиот бараж ќе се најдат и победниците на петте региони.
Победник во југозападниот регион е струшки Влазними.










