Завршија конзерваторско – реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка во стариот дел на градот Охрид која датира од XIV век.
Оваа година со конзервација беше опфатено фиксирање и стабилизирање на ранливи делови нападнати од влага на источниот и северниот ѕид која негативно делуваше на основите на живописот. На јужниот ѕид од наосот беа обновени старите конзерваторски малтери, додека на источната и северната фасада беа обновени старите и дотраени фуги од кои навлегуваше дождовна вода. Со помошници од МПЦ се исчисти и целиот кров на црквата од мов лисја и вегетација, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.
Предходни последни интервенции врз фрескосликарството, додаваат, биле во 1959-69 година.
Проектот е од Годишната програма за работа на НУ Завод и Музеј Охрид, а раководител е м-р Никола Патчев.
OhridNews