Изминативе денови Струга беше домаќин на летниот камп „Американско лето во Македонија“, на кој учествуваа средношколците од Македонија.

Тие имаа можност да се запознаат со американската култура и традиции, како и да ги споредат сличностите и разликите со македонските.

Како што јави „Миа“, на кампот учествувале околу 60 ученици од 16 до 18 години и 16 волонтери од САД од различни институции, во соработка со американските катчиња.

Инаку , организатор на настанот беа Американските катчина Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Скопје.

OhridNews