По 50-ти пат се одржа Европското првенство во едрење во класата Оптомист. Во италијанското место Лињано Сабодоро на Јадранското море, во извонредна организација на домаќините и Меѓународната Асоцијација за класата Оптимист (ИОДА) се возеа девет регатни трки.

На првенствоте зедоа учество 265 едриличари од 46 држави. Временските услови им беа наклонети на полесните едриличари, се едреше на воглевно послаб ветар во одредени периоди  немаше ветар регатните трки беа одложувани.

Европски првак кај момчињата, за 2012 година е Стији Пардекопер од Холандија, второто место го освои Маор Ави од Израел, голем пријател на македонските едриличари, трет е Давид Лукан од Аустрија.

Најуспешна кај девојките беше Фатин Раојигин Бте Мохд Фирдаус од Сингапур која докажа дека не случајно сингапурските едриличарки доминираат во светот во класата Оптимист.

Европски првак кај девојките стана  Мара Турин од Словенија која беше одма зад сингапурката, второто место и припадна на Франческа Бергамо од Италија и третото место го освои Џулија Сарти од Италија.

Шпанската селекција не освои медал, но беше прогласена за најуспешна екипа на Европското првенство.

Македонските едриличари настапуваат по трет пат на Европските Првенста во класата Оптимист со по  двајца претставници. Оваа година тоа беа Новица Велјаноски кој се пласира на 107-мо место во европска и 132-ро место во генерална конкуренција и Дамјан Поп-Стефанија со пласман на 117-то место во европска и 146-то во генерална конкуренција.

 – Сепак треба да сме задоволни од нивнот настап, тие се блиски до едриличарите од големите едриличарски сили, им недостасува тренинг со врвни учители за едрењето како би ги совладале малите недостатоци кои се одлучувачки на вакви големи регати – велат од ЕФМ. 

ohridnews