Со одигрувањето на натпреварите од 14-та рунда заврши првата и поголемата етапа во ракометната Супер лигата.

Првата четворка (Пелистер, Еурофарм Работник, Пролет и Охрид) во последните неколку рунди направи бодовна разлика за мирна и топла зима.

Четирите преостанати мечеви за вториот дел од сезоната во битката за плејофот немаат да имаат значење, но затоа бодовите ќе бидат злато вредни во трката за опстанок.

Резултати: Вардар Јуниор – Борец 24-16, Еурофарм Работник – Пролет 26-22, Охрид – Металург 34-22.

Табела: Пелистер 36, Еурофарм Работник 28, Пролет 25, Охрид 25, Радовиш 14, Прилеп 13, Борец 10, Металург 2 7, Вардар Јуниор 6.

OhridNews