Со одигрувањето на петтата рунда се комплетираа мечевите во фазата по групи во Бизнис лигата во мал фудбал во организација на Јавното претрпријатие „Билјанини Извори“.

Пласман од А групата во четвртфиналето изборија Хотел Метропол, АСП Пак, Жито Леб и ЈП Проаква, додека од Б групата понатаму поминаа ЈП Комуналец, Костал, ЛТХ Леарница и Општина Охрид.

Резултати: АСП Пак – Жито Леб 5-1, Костал – Општина Охрид 4-1, Општина – ЈП Нискоградба 3-0, ЛТХ Леарница – Еко Шпар 6-0, ЈП Комуналец – Костал 1-0.

Двојки 1/4 финале:

Хотел Метропол – Општина Охрид

АСП Пак – ЛТХ Леарница

Жито Леб – Костал

ЈП Комуналец – ЈП Проаква

OhridNews