Во рамките на програмата за комунален развој на Локалната самоуправа на Општина Охрид , завршена е изградбата и пуштена е во употреба новата канализациона мрежа на улицата „ Сирма Војвода“ во должина од 250 метри.

– Со овој зафат е заокружен проектот за изградба на канализациона мрежа во  „ Болничкиот комплекс“ , за што се вложени 1, 5 милиони денари средства од општинскиот буџет, информираат од локалната самоуправа.

OhridNews