Денес градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, го посети местото каде беа каптирани два извори со кои ќе се зголеми количината на вода со која се снабдува населението во општината.

– Со оваа инвестиција се задоволуваат потребите од вода на жителите во село Ботун, но се растеретува и регионалниот водовод од Караорман кој ги снабдува со вода селата: Белчишта, Лешани, Ново Село, Средорече и Ботун каде што често во летниот период има недостатоци на вода за пиење. Меѓу другото се врши реконстукција и на водоводната мрежа во село Ботун која е стара повеќе од 30 години,поради што често доаѓаше до дефекти и прекини во водоснабдувањето, велат од локалната самоуправа.

Целата инвестиција е во вредност од околу 4.500.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебарца.

OhridNews