Серијата нерешени резултати и слабата форма во пролетниот дел од сезоната на Работнички донесе промени во клубот. Влатко Костов повеќе не е тренер на “романтичарите“ откако поднесе оставка по натпреварот со Скопје, кој заврши без победник 1-1.

Работнички заслужува да биде меѓу најдобрите , а не четврто место на табелата затоа поднесувам неотповиклива оставка на местото шеф на стручниот штаб – изјави Костов за офијалниот сајт на “романтичарите“.


Нов стратег на Работнички ќе е селекторот на репрезентацијата на Македонија до 15 години, Горан Петрески – Чунга Лунга. Негов помошник ќе биде Стојановски, а тренер на голманите останува Зоран Мицевски.

ОridNews