На плоштадот кај Чинарот, во организација на Пчеларското здружение „Охрид“ деновиве се одржа манифестацијата „Денови на Медот“ на која охридските пчелари ги изложија своите производи.

Посетителите имаа можност од страна на производителите да добијат информации за медот и неговата обработка, а можеа и да го вкусат охридскиот мед.

Годинешната манифестација првично беше предвидено да се одржи од 13 до 16 август, но по барање на Пчеларското здружение „Охрид“ се презакажа и се одржа од 4 до 8 август.

OhridNews