Деновиве во дијамантската сала на хотелот Инекс Горица, со свечено доделување на наградите беше затворен Охридскиот хорски фестивал 2013.
Во петте фестивалски денови, публиката имаше можноср да се запознае со изведбите на 49 хорови од 18 европски земји кои настапија на 16 концерти на сцените во црквата „Св.Софија“ и дијаманската сала на Хотелот инекс Горица.

За натпреварот беше ангажирано шестчлено експретско жири во состав:Алиција Шелуга, Јасенка Остојиќ, Запро Запров, Војку Попеску, Роландас Дагуела и Михал Гацка . По завшниот натпреварувачки концерт на кој настапија осумте прворангирани хорови, жирито одлучи да го додели „Гранд При“ на хорот од Гдањск и нивниот диригент професорот Марцин Томчак.

Освен хорот од Гдањск во финалето настапија и хорот „Хаунесис“ од Турција, детскиот хор „Соловушко“ од Русија, женскиот камерен хор „Мејкинг вејвс“ од Украина, машкиот хор на Линшепингшкиот универзитет од Шведска  како и хоровите од Полска: „Колегиум медикум„ од Медицинскиот универзитет од Бидгошч , Хорот при Морскиот универзитет од Шчечин и  хорот на Универзитетот „Адам Мицкиевич“ од Позњан. Специјалната награда за најдобра изведба на дело од македонски композитор ја освои детскиот хор „Соловушко“ од Русија.

Фондацијата „Зографски“ ја додели наградат за најдобра изведба на дело од Томислав Зографски на универзитетскиот хор од Гдањск , а композиторот и диригент Запро Запров подари своја слика на хорот при техничкиот хор од Бјалисток за најдобра изведба на негово дело.

На фестивалот Македонија ја претставуваа два хора:  хорот „Вардар“ од Скопје и хорот „Бутелион“ од Битола. И двата хора се рангираа во средниот дел на табелата и со освоени над 80 поени се стекнаа со дипломи за втора награда. Хорот од Битола беше награден и со специјална диплома за најдобра изведба на стара музика.

Инаку, Фестивалот е во организација на „Охридски хор“ а поддржан од Министерството за култура, општина Охрид, Македонска православна црква, „Охридска банка“, „Хотелот Инекс Горица“, Завод и музеј Охрид, клубовите Кадмо и Калео, ТВМ, Црвен крст-Охрид, агенцијата Арка-М,радио такси Моби Дик и др.

OhridNews