Во меѓувреме, библиотеката го збогати книжниот фонд со најбараните наслови меѓу кои :“Кринот од Нил“ од Стефани Дреј, “И планините одеканаа“ од Холед Хосенини, “Приказни од Македонија, исповед на една провинцијалка“ од Игор Џамбазов, “Господар на играта“ од Синди Шелдон, “Инстинктот на смртта“ од Џед Рубенфелд, “Пирамида“ од Том Мартин, Исчекувањата“ од Кејтлин Мекгован, “Париска Одмазда“ од Стив Бери, “Ластовиците од Кабул“ од Јасмина Кадра, “Кодот на Алтман“ од Роберт Ладлам, “Запис на душата“ од Лилјана Хабјановиќ Ѓуровиќ, “Злоба“ од Даниела Стил и многу други, како и книги наменети за најмладата популација.
Книгите се набавени во рамки на проектот “Збогатување на книжниот фонд“, проект одобрен и финансиран од Министерство за Култура на РМ.