По девет години минати во дресот Интер, Дејан Станковиќ го напушти „Џузепе Меаца“ домот на „нероазурите“.

Станковиќ во редовите на Интер пристигна од Лацио во 2004 година каде настапуваше шест години, а на Апенините дојде од Црвена Ѕвезда, кој е матичен клуб на Србинот.

Српскиот интернационалец во составот на Интер освои пет титули во Серија А, по четири во Супер купот и Купот на Италија, а по еднаш го покорија светот и Европа во сезоната 2010 кога „нероазурите“ стигнаа до тројна круна.

Мх.П.