Организаторот Здружението за промоција и равој „За Трпејца со љубов“ е повеќе од задоволно од оствареното.
– Не охрабруваат убавите зборови кои ги слушнавме од туристите, но и од трпејчани. Тоа ни дава сила да размислуваме манифестацијата да стане традиционална и барем уште два дена да трае подолго. Секој од настаните привлекоа интерес, велат од здружението.
Втората половина од културно – забавното лето мина во знакот на забавите со Жанко Зш, трката на кајакарите од клубот „Рибар “ од Трпејца во присуство на кајакари од Охрид и преубавиот концерт на класична музика на сцената „Кај Бунарот“ во изведба на младите и талентирани изведувачи : Анастасија , Дамјан, Дејан и Петар Милески ученци од Основното музичко училиште „Методи Патче “ од Охрид .Звуците на гитарите и виолините беа вистинско летно освежување за посетителите.
Од здружението „ За Трпејца со љубов“ потенцираат дека во својата годишна програма имаат предвиднео и други активности со кои ќе се обидат да ги зачуваат традициите и вредностите , да иницираат постапки за решавање на комуналните проблеми во селото и да придонесат во развојот на Трпејца, како место за рекреативен, еколошки и комерцијален туризам.