Заврши реконструкцијата на електричната инсталација и санитарните јазли во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца.
Наша замисла е постојано инвестирање во образовните институции на територија на Општина Охрид. Во таа насока се одвиваат и нашите активности, стои во објавата на фејсбук профилот на градоначалникот Кирил Пецаков.
Информира дека вредноста на реконструкцијата на санитарните јазли изнесува 1 313 600 денари, додека вредноста за реконструкција на електричната инсталација изнесува 824 188 денари.
OhridNews













