Спуштена е завесата на 32-то издание на релито Дакар, кое годинава по трет пат се возеше надвор од вообичаената рута. 


Шпанскиот мотоциклист Марк Кома е победник на овогодинешното рели Дакар, кое се возеше во Аргентина и Чиле. За Марк Кома ова беше трета титула на најпрестижното светско рели.

Во конкуренција на автомобили победи Катарецот Насер ал-Атијах, додека во конкуренција на камиони титулата повторно ја освои Владимир Чагин од Русија, во конкуренција на мотоцикли на четири тркала победи Алехандро Патронели од Аргентина.

“Извор Макфакс“
Ohridnews