Во рамки на проектот „ Енергетска ефикасна општина“, а согласно договорот склучен меѓу општина Дебарца и Здружението на граѓани Проактива,заврши реновирањето на основното училиште во село Требеништа. Поставени се нови прозори и врати, подови, а обновена е и фасадата на училишната зграда.
– Оваа инвестиција е со цел учениците да добијат современи услови во образовниот процес, потенцираат надлежните.
Половината од потребните средства за реновирање на училиштето беа обезбедени од буџетот на општина Дебарца.
OhridNews