Денес заврши рокот  до кога станарите во колективните стамбени згради, требаше да формираат заедница на станари или да назначат управител кој ќе се грижи за одржување на станбената зграда. За зградите во кои жителите не определија управител или не регистрираа заедница на станари, на барање на овластен инспектор ќе биде определен управител од страна на судот во вонпарнична постапка.

Од општинскиот инспекторат најавија дека од утре инспекторите ќе излезат на терен и ќе ги започнат контролите со цел да се увиди кои граѓани сеуште не ја исполнале оваа законска обврска.

Според бројот на регистрирани заедници Охрид се истакнува меѓу градовите со најисполнителни граѓани, со оглед на фактот дека кај повеќе од 80% од станбените згради е исполнета оваа законска обврска.

За непочитување на одредбите од Законот се пропишани глоби во износ од 300 до 800 евра во денарска противвредност.

OhridNews