Францускиот тенисер Гаел Монфис и неговата девојка, украинската колешка Елина Свитолина ја прекинаа врската.

Одлуката беше неверојатно тешка, затоа што и понатаму чувствуваме љубов еден кон друг. Но ние сме и двајцата најдобри пријатели кои разбраа дека треба да земат малку простор и да си помогнат еден на друг за да живееме најисполнет живот, – напиша Свитолина.

Таа на Австралија опен стигна до четвртфиналето, додека Монфис испадна уште во првото коло по што се расплака на прес-конференцијата.

Засега се уште не е јасно што тргнало наопаку меѓу двајцата успешни млади луѓе, но со изјавата на Украинката се чини дека е оставен простор за помирување.

Свитолина важи за една од најатрактивните тенисерки.

OhridNews